Над 85.000 граѓани извисија, а 30.000 поднеле приговори – расте револтот за владините картички

Расте револтот на студентите, средношколците, невработените, здравствените работници кои не се најдоа на списокот за платежни картички од Владата. Дел од оние што ги има на листата, се жалат дека добиле смешни суми, а не предвидените 3.000 и 9.000 денари.

И покрај хаосот и незадоволството на граѓаните, власта се правда дека проектот бил успешен со доделувањето на картички. Граѓаните кои ги нема на списокот поднеле над 30.000 приговори, за што како што рече министерот за економија, ќе се разгледале сите поплаки. Сега е ред на институциите да ги поправат грешките поради неточните податоци.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, информираше и дека е објавен јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во постковид периодот за кој е предвидена финансиска поддршка од 20 милиони евра.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, информираше дека е објавен јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во постковид периодот за кој е предвидена финансиска поддршка од 20 милиони евра.

И додека власта се фали дека проектот бил успешен, 85.000 пасивните невработени се револтирани од државата. Велат дека се разочарани од неажурноста на институциите, а на сметките наместо државна помош, имале нула денари. Сметаат дека се дискриминирани, и без работа, и без пари, иако веќе поднеле приговори.

За разлика од пасивните невработени кои останаа без денар, вработените на минималец ќе добијат и ваучер за да одат на летување и картичка со 3.000 денари.

Во меѓу време, до крајот на неделата се очекува да се дистрибуираат уште 100.000. И додека на терен владее хаос пред банките, од Македонската банкарска асоцијација апелираат Корисниците на платежна картичка да чекаат информации од банките и да не прават метеж пред филијалите.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста