Над 80 вработени во средното училиште „Кочо Рацин“ во Свети Николе оставени без здравствено осигурување

Над осумдесетина вработени во средното стручно училиште КОчо Рацин во Свети Николе во ек на пандемија оставени без здравствено осигуруваање. Правото на лекување на сметка на Фондот го изгубиле минатата недела. Револтирани! Прашуваат дали надлежните ќе направат нешто за да се реши проблемот. Велат, недај боже сега некој да се инфицира со вирусот, ниту ќе може да се лекува, ниту да се хоспитализира.  Јавно не сакаат да зборуват пред камера, плашејки се   да не останат без работа.

      Дека се без осигурување потврди и  Владо Јованов, првиот човек на синдикалната организација во училиштето, но и помошник директор во истото. Проблемот настанал откако Врховен суд пресудил во полза на вработен кој пред две години тужел бидејќи не му било дозволено по 64година да го продолжи работниот век. Во петокот на состанок директорот пред вработените го образложил проблемот, но како и кога ќе се реши немал конкретен одговор. Ниту министерката за образование не знаеше дека над 80вработени во ек на пандемија се оставени без здравствено. ..

   „Во Свети Николе како Општина, ќе треба да упатите прашање да се види зошто финансиските средства не се уплатени. МОН редовно пушта на втора линија финансиски средства преку блок дотации„-изјави министерката за образование Мила Царовска

Алфа побара одговор и од директорот на училиштето КОчо Рацин и од градоначалникот на Свети НИколе, но до  објавувањето на прилогот ниту одговорија на пораките , ниту на телефонските повици. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста