На паркингот спроти ГТЦ ќе никнат згради – барем на дел од парцелите?!

На паркингот спроти ГТЦ сепак ќе никнат згради – барем на дел од парцелите. Наместо суспензија, надлежните се вртат во круг и топката се префрла помеѓу институциите кои имаат ингеренции да пресечат дали и што ќе се гради. Градоначалникот на Општина центар, притиснат од антикорупциска и инвеститорите, вели суспендирање на деталниот урбанистички план ќе предизвикал штета на локалната самоуправа.

Имавме над 30 постапки што ги покренавме во изминатиот перод. Со првата одлука за мораториум имавме одврзани раце бидејќи не беше наведено кој ќе ја сноси штетата доколку дојде до одредена тужба од страна на некого, а воедно отворате постапки за кои сте свесни за одредени прекршувања, со суспензијата само ќе си наштетиме, истакна градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

Комисијата за спрчеување корупција веќе има отворено предмет за спорниот план за градење. Откако поднесоа иницијатива за гонење на поранешните градоначалници Владимир Тодоровиќ и Андреј Жерновски, на потег е актуелниот, доколку комисијата за урбанизам не подготви елаборат за суспензија.  Од друга страна, и инвеститорите се закануваа дека ќе покренат судска постапка доколку им се забрани да градат на парцелите во центарот на Скопје бидејќи Уставниот суд го укина мораториумот.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста