Мрежа за заштита од дискриминација: „Законот за спречување и заштита од дискриминација не се спроведува соодветно“
Мрежа за заштита од дискриминација:„Законот за спречување и заштита од дискриминација не се спроведува соодветно“
Стравот, недоволната едуцираност, ниското ниво на свесност за препознавање и пријавување на дискриминацијата по различни основи, како и неадекватното спроведување на односниот Закон, се само дел од причините што во земјава годишно се пријавуваат најмногу до 80 случаи, иако нивниот број е значително поголем.
Во досега пријавените случаи, најзастапена била политичката, односно партиската дискриминација, а најмалубројна – дискриминацијата по однос на сексуалната оринетација, покажуваат податоците од истражувањата на Мрежата за заштита од дискриминација.
Според оваа Мрежа, овој бавен и тежок процес на охрабрување на граѓаните кои трпат политичка, национална, родова, сексуална или било каква друга дискриминација, да започнат да ја пријавуваат, потребна била точна и соодветна примена на Законот, а што сега не било случај, како и проактивен однос на сите општетствени чинители, локални и централни, како граѓаните би стекнале доверба во институциите.
Каролина Дурло