Мини пикот за три недели ќе го продолжи експоненционалното намалување

Универзитетскиот професор д-р Дејан Трајковски од Техничкиот факултет во Битола, од самиот почеток на појавата на  корона вирусот, на дневна основа ги следи податоците од неговата еволуција. За сите три фази, експоненцијалниот раст, пикот и експоненцијалното намалување, има поставено математички модели  и статистички ја предвидува динамиката на епидемијата со бројот на заразени и времетрањето. Тој, на неговите графици, погоди дека пикот ќе се случи на Велигден. Денеска, го анализираше мини пикот што се случи послениве пет дена и го прекина трендот на опаѓање.

-Се забележа на графикот од  факторите на растот извесно зголемување. Значи наместо опаѓање, преминавме во зголемување на дневните случаи. Според мене, тоа се должи на попуштањето на мерките за време на првомајскиот викенд и опуштање на луѓето. Значи, ние не смееме да се опуштиме и продолжуваме да играме до последната минута, с`е до последниор новозаразен случај- рече професорот Дејан Трајковски.

Пред појавата на последниот пик, прогнозите на професорот Трајковски беа дека до ниво на спорадично заразување ќе дојдеме до 10 јуни. Меѓутоа, со овој пик, ние сме вратени назат некаде за три недели и среќа е што е два и пол пати помал од главниот пик, вели тој. Со тоа, статистичките пресметки покажуваат понеповолни индикатори.

-Врз ознова на бројот на досегашни случаи и прогнозираниот број на идни случаи, до пред една недела имав пресметано дека имаме поминато 90 проценти од епидемијата, но сега сме вратени назат и тој индикатор е под 70 проценти. Тоа ќе одземе две до три недели додека да се вратиме на состојбата од 5 мај. Меѓутоа, наместо на 6- 10 јуни, ние и во јули ќе влеземе со спорадични заразувања- рече д-р Трајковски.

Тој го искоментира и поединечниот случај што денеска го посочи министерот Филипче.

-Како што слушнавме од министерот Филипче дека овој мини пик се  должи на еден единствен случај како изолиран настан во Скопје, тоа покажува колку е ранлива целата оваа ситуација. Еден едиснтвен настан ако успеа да ја пролонгира целата криза за две до три недели, можеме да претпоаставиме што можат да направат неколку синхронизирани настани- рече Трајковски.

Овие анализи,  покажуваат дека бројот на заразени од КОВИД- 19 може да достигне до 2400 лица, а сегашните мерки, одлуката на ИВЗ и актуелните политики, битолскиот професор не сакаше да ги коментира, иако создаваат загрижувачки аналогии.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста