Дали Заев и Спасовски учествуваа на истата лидерска средба?

Заев на лидерската средба нудел датуми за избори, но никој од лидерите на политичките партии не ги прифатил, брифираат извори од ВМРО-ДПМНЕ. На лидерската вчера се договорија пак да има лидерска идната недела. Спорни моменти кои се во фокусот на јавноста се дали изборниот процес ќе продолжи онаму каде што запре кога со Уредба заради паднемијата се прекинаа сите активности.

Ставот на претседателот на ДИК е јасен, на комисијата и се потребни 50тина дена за да го подготват избирачкиот список, во нив е сметан и периодот за увид во истиот. Дерковски за Алфа вели дека законскиот рок е тој и мора да се почитува.

Наспроти тврдењата на Државната изборна комисија, лидерот на СДСМ, Заев, вели дека изборните активности треба да продолжат таму каде што застанале.

“Дури изборите и да бидат на 14 јуни, 30 дена од сега има за да може да се испрати покана до ОБСЕ/ОДИХР и да имаме набљудувачи што е многу важно.  Втората работа од тие 32 дена односно неопходните 10 дена пред кампања за ДИК се сосема доволни за да продолжи ажурирањето на избирачкиот список коишто не е завршена постапка со замрзнувањето на законските рокови со Уредбата со законска сила којашто беше за изборите”, изјави Заев.

Со ист став за изборите, излезе и техничкиот премиер Спасовски, кој практично ја повтори изјавата на неговиот партиски лидер.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека според нив, спорен е и ставот на СДСМ изборните дејствија да продолжат со укинување на вонредната состојба, бидејќи, Заев и техничкиот премиер Спасовски претходно се согласиле дека ДИК ќе треба да каже колку време им треба за подготовка на изборите. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ако се укине вонредната состојба, тоа не значи и веднаш почеток на изборниот период.

Најпрвин не е точна изјавата на Зоран Заев дека “изборите се прогласени” . Најпрвин избори не можат да бидат прогласени кога договор за датум нема консензуално од лидерите, а датумот пред се зависи од три фактори: оценка за здравствената состојба од Комисијата за заразни болести, потоа  мислење од ДИК за преземање  било какви дејствија и подготовка за избори, како и обезбедување на официјални набљудувачи од ОБСЕ и ОДИХР кои треба да  обезбедат целосно покривање односно мониторинг на мисијата и целиот изборен процес односно и денот на гласањето, рече Арсовски, порпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од кабинетот на претседателот Пендаровски по вчерашната лидерска средба соопштија  дека на почетокот на наредната недела ќе има нова средба на лидерите на политичките партии, на која се очекува да се одговори датумот за избори. До тогаш треба да стигне извештајот од Комисијата за заразни болести, мислењето од ДИК, а премиерот Оливер Спасовски ќе побара одговор и од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за нивната подготвеност за мониторирање на изборниот процес.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста