Мицкоски: Денес во државата дневно повеќе луѓе умираат во споредба со Втората светска војна

Баталете ги дневно политичките мешетарења Заев и Филипче, луѓе ви умираат затоа што нема слободни кревети, порачува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Излезете надвор од стаклената кутија што самите ја создавате, излезете надвор и чујте го плачот на народот. Прекинете со парадерските прес конференции и решавајте проблеми.

Денес во државата дневно повеќе луѓе умираат во споредба со Втората светска војна. За 4 години, колку што траела тука окупацијата, во војната се губеле 17 луѓе дневно. Денес со оваа неспособна власт бројката е 30 до 40 луѓе дневно.

Па имате ли совест, знаете ли што и правите на земјата. Дајте си оставка и не правете ништо, сигурно така повеќе луѓе ќе се спасат“ – порача Мицкоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста