Вевчани како мала Ломбардија – 7,5 % од населението е заразено со Ковид 19

Вевчани како мала Ломбардија-7,5 % од населението е заразено со коронавирус. Само во последниве 10 дена во најмалата општина во земјава,опасниот вирус е дијагностициран кај 45 жители,а битката со болеста последниве денови ја загубија 3 лица на возраст од 37,57 и 65 години. Во моментов има и 60 активни сличаи. Во посебно адаптирани простории од Здравствениот дом во Вевчани заразените примаат инфузиона терапија која самите си ја плаќаат, затоа што оваа установа која врши дејност од примарна здравствена заштита,не располага со сите потребни лекови. Пациентите од свој џеб го плаќаат лекувањето кое чини околку 600 евра.Потешките случаи се препраќаат во болниците во Охрид и Струга, затоа што тука не можат да добијат кислородна поддршка.Но,во соседното Лабуништа, мештаните сами набавувале кислородни боци кои ги користеле дома.

“Кислород има од посточките боци со нашите економски оператори кои ги избравме на тендер во јавна набавка тие имаат кислород и ние нашите боци го носиме и тие го полнат.Но во моментов ако сакаме да купиме боци како системи, има недостаток, нема.Како се прошири заразата во Вевчани? Препроставувам дека е од некоја седенка или семејна веселба после која што имавме проширување нагло, во рок од 3 до 7 дена имавме 10 пациенти и после многу тешко беше да се контролира, бидејќи тие се од 10 различни фамилии и потоа стихијно почна во еден период.” – вели Јован Стојкоски – директор на Здравствен дом Вевчани.

И градоначалникот на Вевчани Сашо Јанкоски кој и самиот е позитивен вели заразата букна како резултат на недисциплинираниот однос на жителите кои правеле забави, родендени, слави и други веселби.Во Вевчани буквално нема семејство каде нема заболен, вели тој.Поради тоа кризниот штаб меѓудругото, донел одлука за времено затворање на угостителските објекти.

“Иницијативата беше и од дел од тие угостителски објекти барем на една недела да се затворат рестораните и угостителските објекти во Вевчани.Меѓутоа ресурсите се црпат,така да сигурен сум ако се продолжи со вакво темпо, ќе треба помош и од државата.” – вели Сашо Јанкоски – градоначалник на Општина Вевчани.

Јанкоски ги отфрла обвинувања на жителите кои на социјаните мрежи му префрлуваат оти и самиот седел по кафеани со многу луѓе на маса, префлајќи ја вината на сопствениците на објектите кои не ги почитале протоколите.Како градоначалник имал илјадници контакти и е чудно што се заразил.Сигурен сум дека и британскиот премиер Борис Џонсон ги почитувал мерките, но се инфицирал-им порача Јанкоски на мештаните кои пак бараат поголема ажурност од полицијата, оти заразените се рашетувале низ општината ширејќи го вирусот.

Росица Голабоска