Мицкоски: Не сакам да победам и да бидам мандатар по цена на човечки жртви – Здравјето е на прво место
Планот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од 4 точки е прифатен на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, дознава Алфа. Прво треба да даде оценка здравствената комисија за состојбата во однос на здравствената ситуација и можноста за оддржување на избори. Потоа да се обезбедат набљудувачи, па потоа да се произнесе ДИК за тоа дали има услови за избори, за да на крај се обезбеди и определи можен датум. Повеќето лидери се согласиле дека здравјето на граѓаните е најважно, а идната недела ќе следи нова лидерска средба.
Извори од лидерската средба за Алфа брифираат дека лидерот на СДСМ Зоран Заев кажал дека стопанството во ист удар мора да го преживее корона вирусот и изборниот процес и дека демократијата е скапа работа. Тој посочил дека сега и онака нема пари на светскиот пазар па така голема финансиска инекција не може да се очекува во наредните месеци.
Политичкиот живот мора да тече, а граѓаните мора да се прилагодуваат на ново настанатата состојба и самите да стекнат имунитет од заразната болест со тек на времето – нагласил Заев.
Заев рекол дека тоа е реалност и тоа мора да се прифати бидејќи секој ден мора така да се живее. Демократијата било скап систем кој мора да има приоритети и директна финансиска потркепа.