Мицкоски: Сериозни индиции за злоупотреби и прекршувања на законите во последните денови на министрите во владата на Заев

ВМРО-ДПМНЕ има сериозни индиции за злоупотреба и прекршување на законите и овластувањата во последните денови од мандатот на министрите во владата која ја предводеше Заев. И тоа токму во ресорите кои опозицијата ги наследи во преодната влада. Според Мицкоски злоупотребите биле по наредба на доскорешниот премиер и ќе бидат презентирани пред јавноста. Од министрите за внатрешни работи и труд и социјална политика, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ очекува работа според законите.

“Да ги заштитуваат законите, да го заштитуваат Уставот на Македонија. Се разбира во рамки на нивните можности и овластувања во овие сто дена да направат нешто за граѓаните. Жилава, тврдокорна и напорна работа во овие сто дена, а потоа по победата на 12 април и новата влада на ВМРО-ДПМНЕ очекуваме силно да нагазиме и Македонија да ја направиме држава со која сите ќе се гордееме, а не да се срамиме”, изјави Мицкоски.

И Заев очекува дека новите министри ќе работат во функција на обезбедување фер и демократски парламентарни избори.

“Верувам дека професионално ќе ја извршуваат својата работа, на крајот окото будно на јавноста е присутно а слободата и демократијата се вгнездени во нашата земја а и верувам дека под окото на граѓаните на коишто служиме и за коишто постоиме сите министри својата функција сериозно и посветено ќе ја извршуваат. Секако најважно е сите заедно да ги земат своите права, пред се и одговорности за организирање слободни фер и демократски избори како што ни приличи на земја којашто е во очекување да добие датум за преговори, на членка на НАТО и верувам дека тоа сите заедно можеме да го постигнеме”, вели лидерот на социјал-демократите.

И власта и опозицијата се подготвуваат за изборната трка на 12 Април. ВМРО-ДПМНЕ не гледа причина за одложување, но обвинува за институционално насилие и загрозување на демократскиот процес. Со незаконски распределби  именувања и систематизации.

 

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста