Медицинскиот персонал на колена во Кичево, пациентите примаат инфузија на отворено пред болницата

Оваа аматерска снимка на која се гледа како пациент седнат на стол прима терапија надвор од кичевската болницата, пред контејнер наменет за Ковид пациенти, осамна на социјалните мрежи и предизвика револт кај кичевчани кои својот гнев го истураат на социјалните мрежи.

-Зарем вакава здравстена грижа заслуживме кичевчани, а што ако му се слоши на човекот,на земја ли ќе го легнат,страмота.Ако направевте инфективно одделение сега ќе имаше каде да се лекуваат заболените –пишуваат кичевчани. За ова се огласи и директорот на болницата др.Станко Трпески.

  • Пациетот на негово барање инсистирал да прима надвор инфузија заради тоа што не сакал да влегува внатре, не е тестиран суспектен е. Да му се помогне била дадена терапија, ама оваа ситуација е искористена во политички цели така да не би ја коментирал – вели Станко Трпески-дир на општа болница Кичево.

Имаме голем наплив на пациенти вели Трпески,во моментов на интерното одделение се хоспитализирани 13 пациенти со средно тешка клиничка слика, 7 од нив се и на кислородна поддршка.Бидејќи болницата нема инфективно одделение заразените лежат на интерно каде од 5 интернисти, коронавирусот бил дијагноситицан кај 3-ца интернисти,еден инфектолог кој само што специјализарал и почнал да работи,а меѓу заразените имало и гинеколози.За да се справат со болеста , на помош им пристигнале интернисти од Охрид и Отешево. До неодма докторите од Итната помош тријажа вршеле во платнен шатор поставен пред болницата,што за директорот не е ништо спорно,ги следеле примерите од Азиските земји.

  • Шаторот беше наменет како и многу болници во светот што имаат тријажен центар да земеме една болница во Кореја со 950 кревети на инфективно одделение, имаат тријажен центар со шатор  пред нивната болница.Исто така беше поставен и тој шатор за тријажа за фебрилни состојби пред службата за Брза помош – вели Станко Трпески-дир на општа болница Кичево.

Трепски вели дека ќе побараат од минстерството и во склоп на нивната болница да се направи  модуларна болница. Тој дополни дека во рамки на болницата имаат простории за изолација во кои наутро Центарот за јавно здавје ги тестира суспектните, а потоа во текот на денот истите простории фунционираат како дневни болници.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста