Медицинските сестри на граница на издржливоста, Филипче повторно смирува, состојбата е под контрола

Долги стресни дежурства, тешки случаи, многу пацинети – медицинскиот персонал го преживува хоророт во здравствениот систем. Даваме се од себе, не се откажуваме, но преморени сме – е најчестата изјава од здравствените работници. Зголемениот број на заболени од Ковид од почетокот на јуни, како што велат, не им дал можност „да земат здив”.За премореноста на медицинските лица алармираат и од унијата на медицински сестри.

“Тежок е денот работен со целокупната заштитна опрема во која работат медицинските лица. Како што целат лекарите, клиничките слики на пацинетите стануваат се потешки.Тешко им е на сестрите бидејќи работат со голем број на интервенции и човечко е да признаам дека сестрите се многу уплашени од целокупната ситуација.” – вели сестра Горданка Бешлиовска, претседател на Унијата предводена од здружението „За нас“.

Медицинскиот персонал не бара само финансии и шминка, туку конкретна поддршка и помош:

“Во овој момент, тоа еднократно покачување не знам колку делуваше стимулативно.Ние немаме закон за нашата професија во смисла дека не се потврдени нашите интервенции, дека бараме да бидеме на листата на професии со бенифиции во стажот,бараме поместување на старосната граница за пензионирање на медицинските сестри и да се инвестира во едукација за нив. И секако, фер плати.”вели за Алфа, сестра Бешлиовска.

Министерот за здравство и денеска категорично демантира дека состојбата со епидемијата е надвор од контрола. Повторно, вината за високите бројки на заболени ја префрли кај граѓаните.

“Не можам да се сложам со тоа дека епидемијата е излезена од контрола, имаме целосен увид во кластерите, контактите и во процентот на пацинетите кои што треба да се хоспитализираат.Сега најсериозна закана за јавното здравје е неодговоноста на граѓаните.” – изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Покрај преморениот медицински персонал, дополнително, здравствениот систем секојдневно брои заразени и во своите редови, со што се намалува капацитетот на здравствени работници. Од почетокот на епидемијата, досега заразени се над 350 медицински лица.

 

 Ања Василева 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста