Лажна дојава за бомба го евакуираше „Сити Мол“ и ги „смрзна“ посетителите

Паника и страв ги стресе посетителите и персоналот во трговскиот центар „Сити Мол“ откако претпладнево добиле дојава дека внатре има поставено бомба. Присутните преку разгласот во трговскиот центар добиле известување дека треба веднаш да излезат надвор. Вработените, но и купувачите со трчање по скали излетале надвор, без да знаат за што се работи.

Единицата за антитероризам го тресеше во целиот објект, откако претходно беа евакуирани сите кои во тој момент биле во трговскиот центар. Специјални полициски тимови со кучиња трагачи бараа експлозив. Трговскиот беше затворен за посетители неколку часа.

Претходно, оние кои биле во трговскиот центар информацијата за поставена бомба ја чуле преку разглас и добиле апел веднаш да излезат надвор од просториите.

По неколку часовно пребарување полиција утврди дека Станува збор за лажна дојава и дека нема бомба во трговскиот центар „Сити Мол“. Според полициски извори, пратена била СМС порака до обезбедувањето со лажна дојава за поставена бомба во шопинг центарот. Вознемирувачки пораки биле упатени до 40 граѓани. Содржината била дека примачот на пораката сторил кривично дело наведено и со член од законот и пишувало дека ќе мора да се јави во полиција. МВР испитува од кој провајдер се испратени и од кого се пишувани ваквите пораки.

Трговскиот центар речиси цел ден беше е опколен со полициски возила, а екипите на Единицата за антитероризам кои го пребаруваа буквално секое ќоше во трговскиот по добиениот повик за бомба. Надвор од трговскиот центар имаше и возила на Итната медицинска помош и на Противпожарната единица. Стопиран беше и сообраќајот на околните улици.

Сега, полицијата проверува од каде е дојден повикот и работи на расчистување на случајот.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста