Куманово, по првиот смртен случај, блага раздвиженост, градоначалникот бара зголемување на полицискиот час

Ден по првата жртва на корна вирусот во Куманово. Сликата денеска во овој град е речиси како и секој ден откако се појави вирусот, автомобили на улиците,благ метеж во сообраќајот, но сепак значително е помал бројот на луѓе кои се на улиците.

57-годишната жена според првичната епидемиолошка анкета, била на патување во Италија, имала два негативни теста, а позитивен бил тестот земен посмртно. Позитивен на коронавирус е и нејзиниот син. Министерот за здравство за како двата теста биле негативни, а последниот односно оној направен по смртта позитивен, вели не постоел тест кој е 100 проценти сензитивен.

На социјалните мрежи се огласи и директорката на болницата во Куманово, која апелираше до медицинскиот персонал да останат приземни и на висина на задачата.

– Семејствата на сите позитивни ќе бидат во изолација. Апелирам до сите граѓани да не кријат контакти и патувања во странство. Ги загрозувате вашите најблиски, но и медицинскиот персонал. Разочарана сум од ниското чувство на одговорност кај сите кои мислат дека лесно ке се справиме со болеста, вели директорката на Кумановската болница, Снежана Захариева.

Во Куманово се регистрирани 3 случаи на Корона меѓу кои е и починатата. Градоначалникот пред камерата на Алфа побара продолжување на времетраењето на полицискиот час, но и затворање за влез и излез од Куманово.

Иако најголемиот број на заболени со вирусот се од Скопје, Дебар..изненадувачка беше информацијата дека првата жртва е од Куманово.

Мери Георгиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста