Критично со слободни места во болниците

Македонскиот здравствен систем пред колапс. Болниците алармантно се полнат, а докторите се на раб на издржливост. Експертите велат, капацитет да се згрижат сите пациенти има, но нема кој да ги лекува. Според микробиологот доктор Никола Пановски. високите бројки на новозаразени се аларм оти овој бран ќе трае подолго од претходниот, па се сомнева дека здравствениот систем ќе може да го издржи ударот.

„Дали има капацитет квалитетно да ги лечи, тоа е прашање. Овие до сега што работеа, нашите херои се премоерени. И сега кога требаше да се одморат добиваат уште поголема работа. Ќе добиваат помош, но прашање е колку тие луѓе што ќе доаѓаат од страна се стручни да ги решаваат овие проблеми, а немаат ни искуство“, вели доктор Никола Пановски.

Бројот на хоспитализирани пациенти расте, а докторите се жалат оти немаат доволно кадар за работа. Шеснаесет медицински сестри и пет специјалисти за интерна медицина од внатрешноста од денеска се на испомош во ГОБ 8 Септември.

Оваа болница е и најоптоварена со пациенти – таму во моментов се лекуваат близу 120 пациенти, а дневно се примаат по 20-тина нови случаи. Директорот на болницата вели оти од вчера отворени биле уште два нови оддели, но признава дека им недостига персонал за работа. Во оваа болница дури 18 здравствени работници се позитивни на Ковид 19, а уште 10-тина се во домашна изолација.

Доктори од болницата за Алфа се жалат оти болницата е комплетно блокирана. Отворен бил и петти оддел за лекување на ново заболените пациенти. Велат болните доаѓаат доцна, па мора итно да бидат ставени на машини за дишење. Проблем биле и машините, оти немало веќе простор за респиратори. Оттаму велат персоналот бил преморен, а нема ни кој да ги земени.

На Инфективната клиника се лекуваат 95 пациенти, меѓу нив дури 37 се на кислородна поддршка. Од Министерството за здравство велат оти инфективната клиника на располагање ги има и 72-те легла во монтажната болница на Брако, која остана да служи како тријажен центар. Но, кој ќе работи во неа?!

Во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти, а во Штип се хоспитализирани 18 пациенти. Дополнително 66 пациенти се ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста