Кој ќе ја преземе одговорноста ако постизборно се појават “ковид” политички кластери?

Ќе има ли  ковид политички кластери, колку “скапо” ќе чинат изборните прегратки и собири ќе биде познато за една недела – најави првиот човек на комисијата за заразни болести Жарко Караџовски.

Судејќи според ваквата изјава на Караџовски дадена за ТВ 21 тој не е убеден дека изборите и кампањата биле сигурни. Но пред изборите кога власта инсистираше да се гласа среде епидемија, тој уверуваше дека  никој не се заразува од гласање, туку од непочитување на препораките.

“И во соседството се подготвуваат за избори. Никој, никаде не го прекинал изборниот процес поради ковид. Затоа што никој во нашиот нормален живот нема да се зарази ако ги почитува мерките за заштита, за дистанца, ако носи маска или ако се дезинфицира” – кажа Караџовски пред еден месец.

Но кој ќе ја преземе одговорноста, доколку она што го кажуваше тогаш Караџовски сега оди во спротивен правец? – Тој денеска не одговараше на нашите повици.

Го контактиравме и директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети, кој вели дека од седум до десет дена би била појасна сликата, кој не ја исклучи можноста од зголемен број на заразени како резултат од изборниот процес. Посочи дека ризикот е голем доколу заразено лице учествувало на изборните собири.

” Кога станува збор за изборите, односно временскиот период ние же направиме проценка и ќе видиме дали бројката со Ковид 19 ќе излезе позитивно и дали се бориме за истите кластери или ќе има и нови. Основно е, дали се почитувале мерките.А резулатите ќе ги видиме во следните денови односно, помеѓу седмиот и десетиот ден.” – изјави за Алфа директорот на ИЈЗ, Мемети.

Повеќемина експерти алармираа за непочитувањето на мерките кога  партиите славеа за резултатите. Како најкритични можни кластери се издвоени општините со албанско население.

“Имаме многу активни случаји особено во Скопје, а и тие општини што славеа се водечки рекордери на активни случаји. Таму сигурно на десет случаи има по еден активен што не сме го откриле, затоа големи се шансите да се прошири вирусот, и во тие места и во тие партии.” – вели Никола Пановски, микробиолог.

Одредени експерти прогнозираат дека постизборно бројот на вкупно инфицирани, до 25 јули, ќе достигне помеѓу 10.400.

 

Ања Василева 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста