Кого чекал доктор Трпковски на паркингот пред железарската амбуланта? – Се вртат повеќе верзии за грозоморното убиство

Кого чекал доктор Трпковски на паркингот пред железарската амбуланта? – Се вртат повеќе верзии за грозоморното убиство

Пред да се случи грозоморното убиство  67 годишниот доктор Ацо Трпковски на паркингот пред железарската амбуланта седел во во својата КИА, откако претходно колешката ја однел дома и повторно с евратил на паркингот. Неофицијални извори од истрагата потпирајќи се на доказниот материјал што деновиве интензивно се прибавува , за Алфа откривааат дека докторот најверојатно имал договорено средба со некој. Но ниту потврдуваат, ниту демантираат дали го чекал убиецот.

Колку време чекал, со кого бил договорен и дали од видео надзорот се гледа дали станува збор за убиец или група од луѓе, допрва истрагата треба да го расветли случајот.

Од МВР не откриваат нови моменти, само повторуваат дека истрагата е во тек.

„Извршени се службени разговори со повеќе од 15 лица, прегледани се 40 видео снимки од околните места, а во тек е натамошна форензичка анализа на возилото. Исто така, детално се анализираат телефонските евиденции. Нашата истрага се одвива брзо, а Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, во соработка со ПСО неуморно работи на разјаснување на овој случај“ информираат од МВР.

Додека МВР и Обвинителство интензивно работи, во градот веќе се шират повеќе верзии за убиството. Според едната верзија е дека станува збор за лични причини, а според другата зад убиството стојат зависници од дрога коишто од докторот барале поголема количина метадон од препишаната терапија.

Од обвинителство велат дека засега не откриваат повеќе детали, ниту информираат дали е завршен обдукциоскиот наод којшто треба да покаже со што е убиен, и која е причината за смртта на матичниот лекар.

Убиството на жезарскиот матичен лекар предизвика силна вознемиреност и паника кај белите мантили.Лекарската комора и матичните доктори побараа итна разрешница на случајот, но и измени во Кривичниот законик, за поголема заштита на медицинскиот персонал.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста