Ќе успеат ли историчарите да дистанцираат од политичките толкувања на историјата?

Претседателот на македонската страна во мешовитата историска комисија не крева на телефон за да одговори како минуваат денешните разговори, но затоа премиерот Зоран Заев имаше одговор, поминувале во пријатна и пријателска атмосфера и имало напредок.

Тој денеска дури и соопшти дека веќе од наредната учебна година, децата ќе учат од нови учебници, односно книги во кои ќе бидат имплементирани оние точки за кои комисијата постигнала договор.

Комисијата за историски прашања од 14 записници имаше решено три, денеска имаат аспирација да ги решат останатите 11 записници. Работата оди во една пријателска атмосфера и за мене е сигнал дека сите се трудат да прават напредок, изјави денска премиерот Зоран Заев.

Практично во училиштата во Македонија ќе се учи дека Цар Самоил, Григор Прличев, Климент и Наум Охридски се личности кои ќе ги чествуваме заедно со Бугарија.

Иако Заев тврди дека разговорите се во добра атмосфера, сепак вчера бугарскиот претставник од комисијата испрати,  се чини политичка порака. Ги обвини македонските колеги дека прават сè да нема напредок во разговорите.  Според него, постојат разлики, меѓу политичарите, и историчарите од македонска страна.. Димитров се повикува, на интервјуто на премиерот – Зоран Заев, за БГНЕС, во кое , како што вели, Заев покажал – нов поглед кон минатото..

Претходно тој бараше ставовите на Заев  од интервјуто да бидат преточени во официјален документ.

Копретседателот од македонската страна Драги Горгиев пак бил зачуден од политиканството на својот бугарски колега. Му порача историчарите да се фокусираат на научната расправа а не на политиката.

„Зачуден сум од силната политичка изјава на колегата член на академско и експертско тело, и тоа во пресрет на новата средба. Ставот за монолитна политичка позиција во однос погледите за минатото е како одек од едно друго време. Исто така, да се подредува нашата работа на политички барања и погледи е академски неприфатливо“ рече Ѓоргиев за Слободна Европа.

Ѓоргиев за изјавите на Заев нема да ги врзат рацете на историчарите и немало да не стават во подредена состојба.

На денешниот и утрешниот состанок на комисијата ќе се зборува и за Гоце Делчев. Оваа дводневна средба е последна за оваа година, за наредната година се предвидени уште 5 средби.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста