Казнет 191 возач во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 131 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, осум прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 12 за непочитување на првенство на минување, 53 санкции за непрописно паркирање.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста