Карантинот во руралните средини полесно се поминува- раздвижени само земјоделците

Работа низ двор, во бавча, по некое кафе со соседите-карантинот во руралните општини поминува поопуштено. Брвеница е една од петте општини во полошко опфатени со тридневниот карантин.Мештаните со кои поразговаравме велат дека полицискиот час се почитува, а карантинот на село, баш и не се доживува тешко.

Од обиколката што ја направивме и низ околните села, сликата беше речиси иста.Полицискиот час генерално се почитува.

Тишина и невообичаено празни улици затекнавме и овде во Челопек, кое со околу 10 илјади жители, е едно од најголемите села во тетовско.

Најголема раздвиженост имаше на земјоделците.Полно трактори по улиците, во полињата.За нас велат, нема одмор и карантин, мора да се работи.

Инаку,во изминатото деноноќие,во полициските контроли евидентирани се 12 прекршувања на полицискиот час во Тетово.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста