Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели и Школата на млади лидери на поранешниот претседател Иванов со заеднички проект
Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели ќе ги обучува младите лидери во Македонија, како да започнат свој стартап, како да привлечат инвеститори и како успешно да ја реализираат својата бизнис идеја од почеток до крај.
Извршниот претседавач на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели Бајбарс Алтунташ и поранешниот претседател на Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов преку Меѓународен центар алијанса на цивилизации и Иванов школата за млади лидери создадоа глобално партнерство за зајакнување на идните лидери со потпишување на договор за партнерство и соработка.
-Светскиот бизнис форум ќе организира специјална и екслузивна програма во чест на 15 годишнината од соновањето на Иванов школата за млади лидери. Ова е сведоштво на нашата заеднича визија за создавање на посветла иднина, вели Алтунташ.
Стотина внимателно одбрани млади учесници и алумнисти на Школата за млади лидери во текот на 4 недели ќе имаат можност преку менторство од експерти да ги подобрат своите финансиски вештини и знаења преку специјално направена прогрма „Mастеркласови на за претприемачка извонредност“.
– Од самите почетоци, Школата ја создадовме за да креира иднина за младите но и млади за иднината. Затоа многу дисциплини и вештини поминаа низ 15-те генерации на Школата за млади лидери и преки 550 млади луѓе од Македонија и светот ги воведовме во тековите на модерните процеси што се случуваат во светот и дека е неопходно постојано да се надоградуваат нивните знаења , особено вештините, објаснува поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов.
Ова е еден од проектите со кои се одбележуваат 15 години од постоење на Иванов школата за млади лидери која и годинава во Охрид ќе биде домаќин на десетици предавачи и млади од Македонија и светот.
Школата во 2018 година е прогласена за најдобар општествено одговорен проект во Европа во 2017 година од Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели.