Хоџа:Ако власта итно не набави вакцини, ќе ни треба и шести пакет мерки

Средствата за помош на економијата се на незавидно ниво. Директна финансиска поддршка за компаниите ќе мора да продолжи  доколку државата навремено не обезбеди вакцини дециден претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија -Неби Хоџа. Многу бизниси веќе отпуштиле работници, а дел се на прагот на одржливост. И покрај тоа, владата одлучи дека петтиот сет економски мерки за помош за исплата на плати е последен. Ако продолжи  со ова темпо, прашање е дали компаниите ќе бидат во кондиција да исплаќаат плата после првиот квартал од 2021 година.

Во таков случај доколку имаме закаснување на вакцината мерките би требале да продолжат поради тоа што тоа делува и психолошки на бизнисот поради закаснување. Апелираме вакцините да бидат што побрзо достапни до нашите граѓани и општо во бизнис заедницата- вели Хоџа.

ВМРО-ДПМНЕ веќе напомена дека на владиниот петти економски пакет му фали уште една, 30-та мерка, што всушност би требала да е на прво место и која би се однесувала на сузбивање на ковид-19 во земјата. Владата требаше да се обврзе дека ќе обезбеди вакцини за најмалку милион граѓани на Македонија до крајот на јули оваа година, сметаат од најголемата опозициска партија.

Инаку, претседателот на комората, денеска се сретна со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за партијата да ги слушне проблемите на бизнисот со цел поквалитетна програма за претстојните избори.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветено да работи со бизнис заедницата со стопанските комори, продолжуваме и во наредниот период да се среќаваме со останатите стопански комори, затоа што сакаме да излеземе како и секогаш со навистина квалитетни предизборни програми кои што ќе ги понудиме пред граѓаните и пред општеството. Очекуваме голема граѓанска и општествена поддршка и најголем број кандидати за градоначалници од страна на Коалицијата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ да победат на следните локални избори. Бизнис заедницата има партнер во ВМРО-ДПМНЕрече Мицкоски.

Во однос на поддршката со петтиот пакет мерки, Мицкоски констатира дека е недоволна и манипулативна. Бизнис заедницата е условена, или да користи кредитна линија или да земе субвенција. И да добијат компаниите помош за плати во февруари и март, не ќе можат, оценува Мицкоски, да ги покријат режиските трошоци зашто не оствариле приход.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста