Груевски: Честитки за одлуката за ЕУ и влезот во НАТО, одамна заслуживме

Поранешниот премиер Никола Груевски честиташе за позитивната одлука за почеток на преговорите со ЕУ и зачленувањето во НАТО. „Одамна заслуживме“ вели Груевски на својот Фејсбук профил.
-Честитки за граѓаните на Македонија за членството во НАТО и одлуката за почеток на преговори за членство во ЕУ. И двете се децениска волја, работа и стремеж на мнозинството граѓани на Македонија и на сите поголеми политички партии. Одамна ги заслуживме, неправедно ни беа ускратени и ова е одлично за Македонија. Ќе помогне многу во иднина. Таму ни е местото, напиша Груевски на Фејсбук.
Груевски додава дека за жал овие вести дојдоа во време кога не може да се радуваме, но се надева дека се ова ќе помине.