Градоначалник заврши во полиција откако бил пријавен за изборен поткуп

Градоначалник нудел поткуп, институциите си молчат. Првиот човек на една туристичка општина, синоќа беше пријавен за обид за купување гласови за политичка партија и тоа од страна на граѓани чии гласови се обидел да ги купи. Веднаш по пријавата градоначалникот бил повикан на информативен разговор во полиција, заради поврзаност со изборен поткуп.

Врз основа на лице кое посoчило инволвираност на градоначалникот, обавен е само разговор со градоначалникот за случај поврзан со изборен поткуп, но истиот не е приведен – соопштија од МВР.

Алфа стапи во контакт со СВР Струмица и Јавното обвинителство, но не добивме одговор на прашањето зошто сѐ уште не му е одреден притвор на градоначалникот. Иако МВР најави дека денеска ќе работи на целосно расчистување на случајот со градоначалникот, подетални информации се уште нема.

Дијана Тасева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста