Скопјани среде лето дишат загаден воздух – пожари во главниот град

Црни облаци од чад и смрдеа попладнево над Скопје – гореше нискостеблеста вегетација кај Визбегово. Во моментот кога екипата на Алфа беше на терен противпожарни возила се движеа кон местото. Чадот ја гушеше месноста но се рашири и низ целиот град.

Официјално причината за пожарот е непозната.

  • Причината е, најверојатно е запалено стрмниште кое било  неконтролирано, поради силниот ветер неконтролирано избегало во повеќе правци. Значи почна да се движи накај црквата во Визбегово и накај кампот во Визбегово. Од тој дел се префрли накај куќите но беше спречен од сите страни. Останува сега само уште еден момент да се затвори- потврди за Алфа командантот Владимир Симоновски. 

Депонијата Вардариште во Маџари гори веќе неколку денови.

Скопјани среде јули дишат нечист воздух. Жителите на скопските населби Аеродром и Лисиче се гушат во димот кој произлегува од депонијата Вардариште.

До сега оваа депонија требаше да ја нема. И покрај ветувањата дека ќе биде исчистена, таа напротив секојдневно расте, а сега и гори. Се чувствува смрдеа од запалени гуми.

  • Вчера, пак исто се случи, можеби гори два-три дена, неможам да бидам сигурен. Околу 14 часот и 30 минути забележав само противпожарна служба како се враќа од таму, сигурно гаснела.. Еве денеска пак гореше. Незнам до кога вака. треба да превземаат вистински мерки, неподносливо е. Еве самите ја гледате сликата.. – вели еден од локалните жители за Алфа. 

Во Скопје пред неколку дена е забележано видно зголемување на загадениот воздух неколку пати над дозволените пм-10  честички. Но не е само воздухот и конкретните депонии. Фотографиите што излегоа на социјалните мрежи откриваат нови депонии регистрирани викендов кај Марков манастир. Скопје и натаму е далеку од зелена престолнина.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста