ГО КАЧИЈА ВО ХЕЛИКОПТЕР, СЕ СЛИКАА СО НЕГО И СЕГА ГО ОСТАВИЈА САМ ВО ВИЕНА – СКАНДАЛОЗНА ОДЛУКА НА ФЗО ЗА МЛАДИОТ ЛЕОНИД

ГО КАЧИЈА ВО ХЕЛИКОПТЕР, СЕ СЛИКАА СО НЕГО И СЕГА ГО ОСТАВИЈА САМ ВО ВИЕНА – СКАНДАЛОЗНА ОДЛУКА НА ФЗО ЗА МЛАДИОТ ЛЕОНИД

Го качија во хеликоптер, се фотографираа за да се пофалат. Го однесоа до Виена и таму го оставија сам да си го плати лекувањето. Скандалозна одлука на Фондот – нема пари за лекувањето на младиот Леонид Индов кој по преживеана тешка несреќа во Грција не може сам да се движи ниту пак сам да дише.

Ако сака да се лекува во странство ќе мора да си плати од свој џеб, затоа што според нив, во Македонија можел да ја добие потребната нега, ама не кажуваат каде.

Тој е во животозагрозувачка опасност а никој тоа не го сфаќа тука, ниту пак таа комисија што дигнала раце за да не се лекува во странство. Затоа што тоа било рехабилитација според нив и тоа можело да се третитра во нашата држава. Никаде не ми наведуваат каде треба да се обратам. Кој нормален родител би го однел некаде детето да се лекува ако има услови тука? Тука завршија сите третмани се што можеше да се направи, се што можеа направија ама детето не можеа да го извадат од респиратор, ниту пак можеа да го третираат како што треба, вели таткото на Леонид, Бранко Индов.

Од македонските институции не добиле никаков совет ниту пак наоска за тоа каде да го лекуваат.Само се испофалија на социјалните мрежи дека наводно ги засилиле националните капацитети за ефикасна реакција во случаи на итни медициснки потреби.

-Ние бевме во Грција педесет и нешто дена. Од прв ден знаеја институциите дека Леонид скрши врат и е опериран таму ама никој не дојде да не праша дали ни треба нешто и никаква помош не добивме. Тоа го тргам на страна сакам сега детето да оди напред, вели таткото.

Вкупната сума за неговото лекување  е 140 илјади евра за која семејството побара помош и од хуманите луѓе.  До сега со донации се собрани средства кои би покриле само половина од шестмесечното лекување во Виена. Телефонските броеви за донации остануваат отворени, како и надежта на семејството за промена на одлуката на ФЗО.

https://youtu.be/S0p_IRNgn9M
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста