Филипче контра лекарите – за почеток имале доволно опрема при појава на корона вирусот

Министерот за здравство Венко Филипче – контра тврдењата на здравствените работници. Откако тие вчера се пожалија дека недостигаат основни средства како ракавици, маски, очила и мантили, за лекарите кои би требало да се справат со евентуалното пристигнување на смртоносниот корона вирус кај нас, тој денеска тврди – за почеток има доволно опрема.

Имаме доволни количини сега за почеток. Ќе пристапиме кон набавка на количини за да се обезбедиме за ситуација ако евентуално има и повеќе заболени” – изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Медицинските лица се загрижени затоа што вирусот се шири со голема брзина и можно е наскоро да се појави и во регионот. Велат дека се подготвени, проблем е недостигот на заштитната опрема.

“Државата е подготвена за корона вирусот, но количините на заштитна опрема се недоволни. Во процедура е постапка за дополнителна набавка на маски, ракавици, очила, заштитни мантили, се што треба” – изјави синоќа Гордана Кузмановска, член на институт за јавно здравје.

Меѓудругото,чекањето на реагенсите за испитување на корона вирусот ќе заврши денеска, најави министерот Филипче. Потенцирајќи дека,засега, нема простор за стравувања за ширење на коронавирусот во Македонија,бидејќи немало ниту еден сомнителен случај.

И додека македонските властите смируваат, светот во паника. Бројот на заразени и починати од  коронавирусот рапидно расте. Повеќе од 20.000 се заразени , 426 лица се починати. Надвор од Кина, распространетоста на вирусот останува далеку пониска, но повеќе од 185 случаи се пријавени во над дваесет земји. Во меѓувреме, истражувачите забрзано работат на развивање вакцина за да се запре ширењето на вирусот.

 

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста