Најмладата премиерка во светот го продолжува породилното отсуство на татковците

Најмладата премиерка во светот, Сана Марин (34) планира измени во законите со кое би ги удвоиле деновите за породилното отсуство на татковците во Финска. Со тоа мајките и татковците би имале еднакво право на платено породилно отсуство соопштуваат од властите во Хелсинки.

Новата влада составена од коалиција од пет парламентарни партии на чие чело се жени, има во план двојно да го зголеми платеното породилното отсуство за татковците за нивното прво дете, со тоа отсуството ќе се зголеми на седум месеци, колку што е предвидено и за мајките.

Половина од тоа време може да се пренесе на другиот родител.
Половина од предвиденото породилно време ќе може да се пренесе на другиот родител, а бремените жени доплонително ќе добијат еден месец породилно отсуство пред предвидениот термин за раѓање.

Министерката за здравство и социјала, Аино-Каиса Пеконен, објасни дека радикалните промени имаат за цел да ја подобрат родовата рамноправност како и да се зголеми наталитетот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста