ЕУ почнува со програма за „втора генерација“ вакцини против ковид-19

Високозаразната мутација на ковид-19 што се појави во Велика Британија во септември 2020-та, минатата недела е откриена во уште осум земји, со што вкупниот број на земји кои пријавија британска мутација е 94 информираше Светската здравствена организација.

Кога станува збор за јужноафриканскиот сој, тој е регистриран во уште две земји, па сега мутацијата е распространета на 46 држави.

Бразилската мутација  пак е регистрирана во 21 земји низ светот.Во меѓувреме, ЕУ ја објави програмата за анализа на мутациите.

„ Вирусот се развива и ќе продолжи да се развива. Важно е да се подготвиме за појава на мутации: некои се таму, други ќе се појават“,Наш приоритет е да обезбедиме сигурен и ефикасен пристап до вакцините против Ковид-19 за сите Европејци што е можно побрзо. Истовремено новите варијации на вирусот брзо се појавуваат и мораме да ја адаптираме нашата реакција уште побрзо. “, изјави претседателката Фон дер Лајен на прес конференција во Брисел денеска.

Наречена „Инкубатор Хера“, иницијативата ќе обедини лаборатории, здравствени власти и научници , а  ЕУ ќе им помогне на производителите да го зголемат капацитетот за производство на вакцини од „втората генерација“. Се спомнува и можноста за редовна вакцинација против ковид-19, со оглед на мутациите, како што се вакцините за сезонски грип, чиј „состав мора да се менува секоја година за да биде ефикасен“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста