Едно колаче – една остварена детска желба, Нова кампања на „Винчини“ и СОС Детско село

Едно колаче – една остварена детска желба, Нова кампања на „Винчини“ и СОС Детско село

Макпрогрес како една од најголемите прехранбени компании на Балканот, повеќе години ја гради својата позиција на општествено одговорна компанија при што еден од нејзините фокуси е континуирана поддршка на работата на СОС Детско Село.

Во пресрет на празниците Макпрогрес започнува Новогодишна хуманитарна кампања со лимитирана едиција од најновиот празничен производ “LOVELY NIGHT” , чоколадни бисквит колачиња со шеќерна декорација.

Во кутијата има подарок уметничка хуманитарна честитка од СОС Детско село – како симболика за остварување на желбите на дечињата без родителска грижа.

Како општествено одговорна компанија постојано се приспособуваме на променливата социјална и економска состојба и затоа традиционално веќе трета година креираме кампањи за да ја поддржиме работата на СОС Детско село со цел осттваурање на мисијата “Топол дом и грижа за секое дете”; кампањи кои не соединуваат нас како производител но и потрошувачите кои со купување на  нашите производи ја поддржуваат ранливата група на деца без родителска грижа изјавија од Макпрогрес.

“Ги повикуваме сите потрошувачи да бидат дел од оваа кампања, да купат од новите вкусни колачиња нa Винчини, да напишат честитка на своите блиски и воедно да посакаат по една убава желба за децата без родители – за секое дете да може да свети силно на небото како блескава звезда” – повикаа од СОС Детско село.

 Новогодишнитe колачиња “LOVELY NIGHT” на Винчини со хуманитарна ознака веќе се дистрибуирани низ продажните места во секој град и се достапни за сите купувачи да можат да уживаат во вкусовите на производот, но и истовремено да се збогатат со чувството на  радост и гордост  и лична сатисфакција што помагаат на тие што најмногу им треба.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста