Е.Пелистер го пречекува Магдебург во првиот осминафинален меч од ЕЛ

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва против Магдебург ќе го одиграат првиот осминафинален натпревар во Европската лига. Бундеслигашот важи за фаворит, но амбициите за позитивен резултат и тоа како се присутни кај битолчани.

„Секако дека Германците се фаворити, ние ја имаме улогата на аутсајдери и наше е да покажеме дека тоа не е така. Карактеристиките за нивниот најдобар ракометар Безјак ни се познати. Добро влече полуконтра и игра еден на еден, така да ќе се обидеме да го затвориме. Голема улога во играта на Магдебург има и десниот бек со шутевите од надворешните позиции. Ќе дадеме сè од себе да извелечеме добар резултат во Битола, па во реваншот ќе се бориме колку што можеме“, вели македонскиот репрезентативец, Никола Маркоски.

„Магдебург е одлична екипа и игра во одлична форма. Наша цел е барем да извадиме нерешен резултат на првиот натпревар во Битола. Добро играме и ние, и ние сме во добра форма како и тие. Детали ќе одлучуваат, па ако бидеме на ниво, мислам дека ќе патуваме за Магдебург со позитива“, силно верува голманот Градимир Чаневски.

Мечот меѓу Еурофарм Пелистер и Магдебург се игра вечерва во салата „Боро Чурлески“ од 20.45 часот. Патникот во четвртфиналето ќе биде познат на реваншот во Германија на 30ти месецов.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста