Два месеца по трагедијата во Тетово-истрагата далеку од разрешница

Денеска се навршуваат точно два месеца по големата трагедија во Тетово, кога во пожар во модуларната болница, живи изгореа 14 лица.Се бараше брза истрага, но, засега се знае само причината за пожарот од вештачењето на МВР- запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.За многу други клучни прашања, одговори нема.Нема ниту одговорност за несреќата. Кога се губат избори,оставките се редат,но,не и за 14 изгубени животи-реагираа денеска од независната листа советници на Тетово.

Тетово и јавноста сакаат да знаат до каде е истрагата.Зошто Обвинителството објави дел од вештачењето на крим техника , без да го покаже извештајот на германските експерти?Дали овој извештај е издаден за амнестирање на одговорните во предизборниот период по барање на Владата?-прашува Хамди Сулејмани-Независна листа советници.

Никакви нови информации не протекуваат ниту од Обвинителство. Секогаш се исти одговори-дека истрагата била во тек.

Се очекува во обвинителството да пристигнат извештаите од наредените вештачења, меѓу кои и вештачењето од експертите од Република Германија. Откако ќе се приберат материјалните и вербални докази, обвинителите ќе ги разгледаат и анализираат, ќе биде утврдено дали и каде постои кривична одговорност,  по што ќе биде донесена и одлука за натамошниот тек на постапката-велат од ЈОРМ

Во предвечерието на денот на независноста- 8-ми септември, Македонија доживеа незапаметена трагедија.Модуларната болница изгоре за само три минути.12 лица успеаја да се спасат буквално фрлајќи се преку прозори, останатите 14, живи изгореа.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста