Дали Ахмети подготвува терен за преговори со ВМРО-ДПМНЕ и новото парламентарно мнозинство?!

Најави ли Али Ахмети подготвеност да разговара со ВМРО-ДПМНЕ за да остане на власт? По најновите случувања со новото парламентарно мнозинство, лидерот на ДУИ порача дека неговата партија е подготвена да разговара со секој, кој е за Европската унија, НАТО и не бил против Албанците. Оваа порака Ахмети ја испрати по состанокот на Централниот совет на интегративците во Тетово.

-ДУИ е партија со кредибилитет, чии приоритет се државните пред партиските интереси. Нормално и демократски е Мицкоски да има 61 пратеник, но друго е која е неговата стратегија. Ќе разговараме со сите партии кои имаат европски цели, но не и со партиите кои се анти ЕУ, анти НАТО, анти албански, вели Ахмети.

Ахмети демантираше и дека постоеле тројца пратеници, кои ќе преминеле во новото парламентарно мнозинство.

-(ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА ПРАТЕНИЦИ НА ДУИ ЌЕ ГО ЗГОЛЕМАТ МНОЗИНСТВОТО НА МИЦКОСКИ?) Нема тоа се лажи вести, ДУИ е комплетен и целосен, вели Ахмети.

Инаку, овој состанок во ДУИ, доаѓа ден откако нивни виден член и поранешна директорка на Клиничкиот центар, Шкодране Дадришта, преку Фејсбук испрати порака, која може да се сфати како закана за војна. Ахмети го осуди нејзиниот потег, велејќи дека е против каузата на ДУИ.

-Се уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале после војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него, напиша Дардишта.

Инаку, новата ситуација на македонската политичка сцена, го погодува ДУИ, дури и повеќе од СДСМ. Интегративците се во опасност прв пат по 2008 година, да бидат во опозиција. Тие со мала пауза од две години, се на власт од 2002 година, кога прв пат коалицираа со Владата на СДСМ, тогаш предводена од Бранко Црвенковски.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста