Државата го заборави македонскиот Шумахер

Државата не води сметка за најдобрите спортисти, наместо поддршка и поттик за успех, Агенцијата за млади и спорт, е пречка, вели за Алфа  македонскиот автомобилист, Игор Стефановски Иџе, откако државната Агенција одлучи за него и неговиот тим да не одвои ниту денар од редовните буџетски средства за сезоната.

-Криво ми е и гневен сум бидејќи државата не води сметка за правите вредности. Дополнителен конкурент ми станува токму државата бидејќи наместо да ме стимулира и да ми помогне за да ја претставам Македонија онака како што можам, во најдобро светло, апсолутно ме враќа назад, па дури и не можам да учествувам на натпреварувањата. За најдобриот спортист да дадете 0 денари, а самите сте го прогласувале за најдобар, е навистина смешно, а финансии да добиваат спортисти што не постогнале никаков видлив резултат е апсурд, вели Стефановски за Алфа.

Тој признава дека иако не сака, има понуди и може да се напреварува за други земји.

-Тоа не е финанка поддршка за мене лично, нека ги уплатат таму каде што треба за да можам да учествувам. Доколку државата каже дека нема интерес од Игор Стефановски Иџе како спортист, јас имам понуди од многу други држави кои сакаат да се натпреварувам под нивно знаме. Јас ќе се борам да ја претставувам мојата држава, вели Стефановски.

Алфа побара став и појаснување за распределените средства од Агенцијата за млади и спорт, и телефонски и во писмена форма, но безуспешно.

Па новинарските прашањата, по кој принцип е одлучено за распределбата на парите, и која е причината Стефановски да не добие поддршка за сезоната останаа неодговорени.

Европскиот шампион на ридски патеки Игор Стефановски ИЏЕ е најпопуларниот и најуспешниот македонски натпреварувач во автомобилски трки.

Сања Трајковска Ставров

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста