Дијаспората реагира дека нема да може да гласа на 15 јули

Зошто имаме министер за дијаспора кога иселениците не можат да гласаат, прашуваат дел од здруженијата на македонци низ светот. Зошто постои агенција за иселеништво кога ни со прст не мрдаат за нас, велат иселениците од Македонија.

Велат се чувствуваат обесправено оти не можат да го дадат својот глас на овие избори на местата каде што живеат.

Немаме ние некаков контакт со државата. Џабе имаме министер за дијаспора кога тој реално не ни контактира со нас, не можеме да разговараме со него. Затоа сами се се ангажираме за избориве за да можат да се сменат тие работи. Да дојде нова власт, подобра власт која ќе ни излезе на нас од дијаспората во пресрет, вели за Алфа Игор Механџиски – претставник на дијаспората од Германија.

Иселениците разочарани, за Алфа велат мораат на свој трошок да се организираат да дојдат во Македонија за да гласаат оти државата не нашла начин како да ги третира еднакво нив, а и нивното право на глас.

Овие парламентарни избори ние сме обесправени, тоа е многу голема неправда која ни се случува, што не можат да гласаат сите. Ете решивме повеќето да дојдеме во Македонија за да го оствариме правото на глас, друг начин сега за сега нема,  вели за Алфа Игор Механџиски – претставник на дијаспората од Германија.

Здруженијата на македонци иселеници предлагаат во идина да има електронско гласање за во иднина да нема ситуации каде тие нема да можат да го остварат правото на глас.

Со реакција претходно се јавија и од здружението “ Ние сме Македонија” , координатоката Дуковска вели дека правото на глас е право на глас, но излегда тоа не важело за иселениците судејќи по тоа дека тие нема да учествуваат во изборите. На сличен став се и Од Обединетата македонска дијаспора кои велат дека  иселениците  се едни  од двигателите на македонската економија, најдобар промотор на Македонија во светот и заслужуваат да биде дел од избирачкиот процес.

Претседателот на Државната изборна комисија Дерковски вели дека гласање на дијаспората нема да има заради неколку причини…

Гласање нема да има на овие избори, согласно решението на претседателот на Собранието Џафери во кое утврди дека сите претхдони дејствија што беа превземени се завршени, а и поради причината кога имаше повик нашите сограѓани од дијаспората не се пријавија во доволен број, истакна Оливер Дерковски – претседател на ДИК

На ланските претседателски избори, пак, само близу 1 800 иселеници се пријавија за гласање во 32 дипломатско-конзуларни претставништва на земјава. Од нив само околу 800 избирачи излегоа во вториот круг од претседателските избори, додека за спроведување на изборите во ДКП беа испратени околу 250 административци од земјава.

Meри Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста