Давидовиќ: Оној кој се повикува на кривичниот законик за казните за попис е правно неписмен и неук

Нема никакви можности кривично да се гонат поттикнувачите на бојкот на пописот – оној кој се повикува на кривичниот законик е правно неписмен и неук – вели адвокатот Ѕвонко Давидовиќ. Контроверзите околу тоа кој треба да биде казнет, а кој не ја брануваат јавноста, а дел од правниците велат дека треба да одговара оној кој спроведувајќи го пописот, ги крши прописите за заштита на здравјето на луѓето. Според Давидовиќ, во моментов треба да се одлучи што е поважно: пописот или здравјето на населението?

Во мигов, настојувајќи да се одржи пописот, им наложувате на луѓето да примат дома пописна комисија, и да постапат спротивно на здравствените прописи. Едноставно, ги терате луѓето да прекршат едни прописи, за да не прекршат други прописи. Тоа е така затоа што во државава не може да се одлучи дали е поважен пописот или здравјето на граѓаните – вели адвокатот Давидовиќ.

Иако Власта се заканува со затвор до пет години за оние кои јавно ќе повикуваат на бојкот, според адвокатот самите повици за бојкот се на тесна граница со слободата на изразување и нормално е да постојат различни ставови за попишувањето посебно во услови на пандемија.

Во меѓувреме, коронавирусот пустоши низ земјава, високи бројки на заразени и починати и борба за болнички кревет но тоа не доволна причина пописот да се одложи, а претставниците од Владата секој ден уверуваат дека здравјето на граѓаните ќе биде зачувано. И министерката политика, Шахпаска, смета дека пописот ќе биде безбедна операција.

Додека правниците реагираат за бројни нелогичности, а граѓаните се плашат од претстојниот попис, во тек е попишувањето на дијаспората, каде според податоците на ДЗС, најмногу попишани има во Швајцарија а најмалку во Австралија. Остри реакции предизвика и лобирањето на владините функционери Артан Груби и Бујар Османи со помош и на државни и партиски функционери на Албанија и на Косово да повикува на помасовно попишување на дијаспората.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста