Царовска не отстапува: Дигиталните учебници ќе се воведуваат сукцесивно

„Се срамам од сето ваше лутање од глупост во уште поголема глупост има ли кој да ве сопре“ – не стивнува револтот на просветните работници кои сметаат дека нajновиот план на МОН може да го наруши образовниот процес. Наставничката Весела Богдановиќ, која беше избрана во 50 најдобри наставници во светот, остро ја искритикува одлуката за електронски учебници. И родителите гневни на оваа реформа. Реагираат дека со вакви промени властите ќе го уништат образованието, а седењето пред компјутер скоро цел ден, може да го загрози здравјето на децата.Глупост невидена, веќе ги уништивте децата, сакате да ги докрајчите. Не за џабе е кажано неписмен народ полесно се контролира.

Мизерно од страната на образованието. Како не ви е срам си играте експерименти со нашите цела? Дали се запрашавте вие до каде ќе стигнеме ако продолжите со овие луди и неприфатливи наметнувања?

До кога ќе трпи образованието од вакви неписмени министри, па ова е голем срам што го правите.

Ако ова се случи, навистина не им е важно за нашите деца, ем необразовани ем со здравјето осакатени. Цел ден на компјутери, малку оваа година се осакатени, па да продолжиме. „Браво“.

Ти драга министерке запрашај се дали овој потег е во ред, на секаков можен начин ни ги отупевте децата, ни го уништивте школството, бидејќи на некој како вас ви одговара тоа – пишуваат родители на социјалните мрежи.

И покрај критиките на стручната фела, и бројните негативни коментари во јавноста,  МОН сепак, не се откажува од идејата, децата наместо од книга, да учат од лаптоп или таблет. Министерката Царовска цврсто стои на ставот дека ќе има голем бенефит од овие промени. Посочи дека концептот на учење од новите е – учебници нема да биде како со ПДФ учебниците кои до сега се користеле, што ја отвора дилемата дали учебниците ќе претпат бројни промени.

Според досегашните најави, дигиталните учебници од септември ќе важат само за учениците од четврто одделение, што значи процесот со воведување на учебниците ќе се одвива сукцесиво. Новиот концепт нуди и можност, секој родител кој смета дека нема да може неговото дете да учи електронски да си го испечати учебникот.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста