Четири месеци јавноста бара одговори-како и зошто изгоре модуларната во Тетово за само три минути

Пред точно четири месеци,кога државата славеше независност на 8-ми септември,овде во Тетово се случи огромна трагедија.Пожар ја зафати модуларната болница и ја пеплоса за само три минути.Живи изгореа 14 лица.

Истрагата  за несреќата и после толку време, сеуште е без разрешница.Во обвинителство секогаш со исти информации-дека истрагата била во тек,а извештаите од МВР и Технолошкиот факултет се анализирале.Вештачењето пак, од германските експерти,иако најавено дека ќе стигне уште во октомври, сеуште се чека.                                                                                                

Јавноста бара одговори-како изгоре модуларната за само три минути.По пожарот, се појавија многу дилеми и прашања околу квалитетот на градбата на објектот и надлежностите-од кои сите институции се оградија. Граѓаните сакаат правда за случајот,но многу и не ја очекуваат-вината ја насочуваат кон властите.

Анкета:

Никогаш нема да заврши истрагата, затоа што има многу луѓе замешано, луѓе од власта.

Треба да одговора Владата, немам повеќе што да ви кажам.

Нормално треба да одговора,а кој да одговора, па нормално кој е на власт во оваа држава.И што се е решено во оваа Македонија?-прашуваат граѓаните.

Единствено што се знае засега од вештачењето на МВР е дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред. После пожарот оставки понудија двајцата директори на болницата,како и Министерот за здравство и неговиот заменик.Но, по објавувањето на извештајот  на МВР,тогаш Премиерот Заев, одлучи да не ги прифати оставките на Филипче и Хасани, правдајќи ги, дека немале вина.Од одговорност се иззема и општина Тетово,од каде се изјаснија дека целата надлежност за модуларните болници била на ресорното министерство.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста