Брзите тестови брзи за Филипче, бавни за граѓаните

Брзи или бавни ковид тестови ? Кога и како ќе се употребуваат – граѓаните збунети. 13 илјади брзи тестови кои пристигнаа  ќе бидат на “стенд бај” уште цела недела,  бидејќи нема нов алгоритам. По неколку двоумења МЗ одлучи: услов за брзо тетсирање  ќе биде филтерот преку матичните лекари и новиот алгоритам што се уште го нема. Матичните во неизвесност и револтирани за лошата организација.

“Пацинетите реагираат во хаос е целата таа ситуација.Во пунктот во Ѓорче на пацинтите им било кажано дека закажувањето ќе оди преку матичен лекар, термини нема, ние немаме насоки добиено луѓето се чудат велат не знаеме како да постапиме. Се чудам и јас, голем проблем ќе биде -тестирањето е почнато, луѓето одат и бараат а ние немаме целосни и детални насоки.” – вели Ненад Лазаров, матичен лекар.

Брзите тестви се добри но што после тоа ? прашува д-р Лазаров, објаснувајќи дека тоа што термини за ПЦР тестови нема ќе ја искомплицираат ситуацијата со пацинтите позитивни на брзиот серолошки тест.

“Сега додатно ќе имаме голем ударен бран на луѓе што ќе излезат со неубедливи резултати или позитивен серолошки тест  што ќе треба да се потврди. Г решката не ја гледам во тестирање како скрининг метод  тоа е супер и тоа требаше да се направи многу порано. Тука недостаува иницијална некоординираност.” – изјави Лазаров.

Според Лазаров, високата смртност во Македонија се должи на тоа што со години нанзад, здравјето на пацинетите е занемарено.

“Ако ние соодветно третираме луѓе од дијабет ако се правеа добри скрининг контроли да имавме механизми да мораат пацинетите да послушаат ќе имавме стартно здравје. Кои што немаше да бидат во толку ризична група.Погледнете одма, дали човек околу вас е без апчиња? Во Германија не го гледаме тоа, затоа разликата е огромна.” – тврди Д-р Лазаров.

Доколку ковид “пожарот” кој беснее во Mакедонија не се стиши, Д-р Лазаров предупредува на земјава не и бега целосен карантин минимум две недели.  

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста