Во Скопје најмногу случаи – во Чаир 11 новозаболени, чаирчани не се многу загрижени

Полни улици и маркети, гужви во кафулињата и чајџилници – ваква е сликата во скопската општина Чаир каде изминативе денови се регистрирани најмногу случаи на заразени со Ковид 19. Институтот за јавно здравје во изминатите 24 часа регистрираше 11 новозаболени.
Вкупната бројка на активни случаи во оваа општина е 65. Бројките се алармантни, но за кого како. Од она што го забележа екипата на Алфа се чини дека голем број од граѓаните не ги почитуваат препораките за заштита. По улиците можеа да се забележат граѓани и кои носат и кои не носат маски.

Но кога прошетавме да видиме што се случува по кафулињата и чајџилниците таму забележавме дека на масите седат некаде по пет, некаде по шест луѓе на маса па имаше и дури и повеќе. И никој не носеше маска.
Дел од жителите на Општина Чаир не се плашат од корона вирусот, некои велат дека мерките не се почитуваат доволно. Според нив, тоа е причината поради која секојдневно расте бројот на заразени.

Граѓаните се свесни дека зголемионот број на новозаразени се должи на непочитувањето на мерките. Оние со кои разговараме признаваат дека тука дисциплината не била највисоко ниво.

За Чаир, но и останатите скопски општини Сарај, бутел , Гази Баба и Аеродром кои имаат голем број на активни случаи не е исклучена опцијата за карнтин. Али ќе дојде до тѕакво нешто Владата го има последниот збор. Засега се е само најава и рразмислување – вели др.Арбен Зибери од Центар за јавно здравје.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста