Божиновски: СДСМ оди во опозиција, што ќе биде со ДУИ – одговорот е кај Таравари

Кога и да се одржат избори, и во каков и формат да се, резултатот е јасен, СДСМ оди во опозиција, а Македонија ќе добие нова влада. Коментрајќи ги резултатите на последната анкета на ИПИС каде партијата на Мицкоски има двојна предност пред партијата на Ковачевски, првиот човек на инситутот Владимир Божиновски за Алфа вели дека падот на социјал-демократите е извесен, а што ќе се случува со ДУИ по изборите, одговорот ќе дојде од партијата на Таравари, кој според анкетите ужива 2 % од довербата на гласовите.

Сега мислам дека е веќе јасно дека СДСМ ќе оди во опозиција. Беса и Алтернатива успеаа да го повратат оној на БЕСА партијата од 2016. Со Изет Меџити имаат дополнителен контингент на гласови, повторно целата таа здружена условно речено опозиција кај етничките албански партии има рејтинг којшто е понизок од оној на ДУИ , но на некој начин станува доста релевантен и има шанси да има одредени поместувања, но се зависи како ќе се позиционира Алијанса на албанците која што има околу 2% и ќе зависи кој блок ќе биде доминантен по изборите 2024. Дали оној на ДУИ ако се приклони Алијанса на албанците, дали кај опозициските албански партии, вели Божиновски за Алфа.

Божиновски вели дека заклучокот од анкетата е потврдување на трендовите што беа забележани и на претходните истражувања и на ИПИС, но и на други истражувачки центри, а се карактеристика уште од пред локалните избори. Тој посочува дека падот на довербата на СДСМ на анектите не е изненадување и таа е континуитет уште од локалните избори.

Додека бројките го покажуваат располежението на граѓаните за претстојните избори, партиите сеуште диксутираат за датум за одржување на истите и дали ќе бидат споени или раздвоени. Божиновски вели дека анкетата покажува дека народот сака споени избори, како што нуди ВМРО-ДПМНЕ, а не одвоени за кои ќе се трошат куп пари за одржување на два избори циклуси во временско растојание од 40-тина дена.

Затоа и го поставив тоа прашање, сега тоа стануа најактуелно, дали изборите треба да бидат заедно или одовено. Мислам дека целата јавност, интелектуална, академска, најголемиот дел на политичките партии и сметаат дека е најлогично тие два изборни циклуси да бидат заедно, вели Божиновски.

Инаку според последната анкета на ИПИС, дури 20,3 % од граѓаните, ако идната недела има избори би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а за СДСМ само 11,3. Во однос на доверба на народот во лидерите, на прво место е Мицкоски со 16.5, втор е Ахмети со 6,1, а на трето место е актуелниот премиер Ковачевски кој ужива 5,6 отсто доверба кај анкетираните.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста