Болниците во Газа не работат, расте бројот на починати, алармира СЗО

Болниците во Газа не работат, расте бројот на починати, алармира СЗО

Најголемата болница во Газа престана да работи и се зголемува бројот на починати меѓу пациентите, соопшти Светската здравствена организација, додека продолжува жестокиот израелски напад на палелестинската енклава.

Болниците во северниот дел на Газа, вклучувајќи го комплексот „Ал-Шифа, се блокирани од израелските сили, при што три новороденчиња починале, а голем број пациенти се загрозени поради немањето струја и силните борби, кажаа лекарите.

Израел тврди дека милитантите на Хамас се кријат во тунелите под болниците, каде што се наоѓаат и заповедни центри на групата, која управува со Газа.

Премиерот Нетанјаху изјави дека Израел понудил да достави гориво во болницата „Ал-Шифа“, но Хамас одбил да го прими.

Марван Абу Сада, кој работи како лекар во „Ал-Шифа“, изјави дека она што го понудил Израел би обезбедило струја за само половина час.

Јусеф Абу Риш, заменик-министер за здравство во Појасот Газа, управуван од Хамас, изјави за АФП дека сите болници на северот од енклавата се „надвор од работа“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста