БОЛНИЦИТЕ ВО БЕЛГИЈА БАРААТ ЛЕКАРИТЕ СО КОВИД-19 ДА ПРОДОЛЖАТ ДА ОДАТ НА РАБОТА

Лекарите од белгискиот град Лиеж кои се позитивни на коронавирус ќе продолжат да одат на работа.
Околу четвртина од медицинскиот персонал таму е заразен со ковид-19. Досега 10 болници побарале од персоналот кој е позитивен а нема симптоми да продолжи да работи, јавува БИ БИ СИ. Здравствените власти велат оти немале избор и дека нема да дозволат да колабира болничкиот систем.
Претходно, министерот за здравство предупреди дека се блиску до цунами од инфекции кое властите не ќе можат да го контролираат.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста