Бојкотот продолжува: Матурантите под закани и притисоци од директорите на средните училишта

ПРОДОЛЖУВА БОЈКОТОТ НА МАТУРАНТИТЕ ЗАРАДИ НЕИСПОЛНЕТИТЕ НИВНИ БАРАЊА ОД МОН И НЕУСПЕШНАТА СРЕДБА СО МИНИСТЕРКАТА МИЛА ЦАРОВСКА. КАКО ШТО СООПШТУВА СОЈУЗОТ НА СРЕДНОШКОЛЦИ МАТУРАНТИТЕ СЕ ПОД ЗАКАНИ И УЦЕНИ ОД ДИРЕКТОРИТЕ НА УЧИЛИШТАТА И ЗАРАДИ ТОА ОД ЧЕТВРТОКОТ ДО ПЕТОКОТ ИМА ПАД НА БРОЈОТ НА БОЈКОТИРАЧИ, ОД 78 ПРОЦЕНТИ МАТУРАНТИ НА 71 ОТСТО. НО СЕПАК СОЈУЗОТ ГО ОЦЕНУВА КАКО УСПЕШЕН.

-ВАКВИТЕ ПОЈАВИ ГИ КРШАТ СРЕДНОШКОЛСКИТЕ ПРАВА, КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И УСТАВОТ НА РСМ. ГИ ПОВИКУВАМЕ СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ДА ГИ ПРИЈАВАТ СИТЕ ПРИТОСОЦИ ВРЗ НИВ, А ИСТИТЕ ЌЕ БИДАТ СООДВЕТНО ДОКУМЕНТИРАНИ ОД НАША СТРАНА, СООПШТИ СОЈУЗОТ И ДЕМАНТИРААТ ДЕКА БИЛ ПОСТИГНАТ ДОГОВОР СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ.