Бектеши до Заев: Секој има право на свое мислење, што е уставно, што не, ќе оценуваат правниците

Заев си има право на свое мислење, а што е уставно, што не, ќе си кажат правниците, порача министерот за економија Крешник Бектеши, околу ставот на премиерот дека било неуставно да се субвенционираат вработувања на луѓе од малцинските заедници во приватните фирми. Бектеши порача дека Владата ќе работи согласно програма, каде стои дека ќе се помага вработувања на малцинствата во приватниот сектор

– (ПРЕМИЕРОТ КАЖА ДЕКА Е НЕУСТАВНО И ДЕКА НЕМА ПОТРЕБА ОД СУБВЕНЦИИ ЗА ВРАБОТУВАЊА НА МАЛЦИНСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, ВИЕ КАЖАВТЕ ДЕКА ТОЈ ПРОЕКТ ЌЕ БИДЕ ОСТВАРЕН БИДЕЈЌИ Е ДЕЛ ОД ВЛАДИНАТА ПРОБРАМА, СЕГАКОЈ ЛАЖЕ ИЛИ КОЈ ЈА КАЖУВА ВИСТИНАТА, ВИЕ ИЛИ ПРЕМИЕРОТ?) Сите го кажуваме нашето мислење, ние живееме во демократско општество. Јас се повикувам на владината програма, дали е уставно или не тоа ќе го утврдат правниците. Ние ќе постапиме согласно владината програма, изјави Бектеши.

На Илинденска ставовите се различни премиерот вели нема потреба од ваква точка, ДУИ на ставот дека субвенциите ќе ги има. Запрашан директно да одговори дали ќе има пари за оваа цел или не, Бектеши порача да почекаме до 15 ноември, кога ќе биде објавен буџетот за 2021 година, потенцирајќи дека е на ставот дека ваква мерка треба да има.

-(ЌЕ ИМА ЛИ СУБВЕНЦИИ?) Тоа ќе го видите со наредниот буџет за 2021 кој согласно законот треба до 15 ноември да се прати во Собрание. (МЕЃУТОА, ТОА Е ТЕМА КОЈА ЈА ИНТЕРЕСИРА, ТАКА ДА МИСЛАМ ДЕКА ПОУБАВО Е ПРЕЦИЗЕН ОДГОВОР ДА ИМАМЕ, ДА ИЛИ НЕ?) Значи, се прави буџетот за 2021 година, во моментот кога ќе го објавиме таму ќе може да видите дали има такви субвенции или не. Јас како министер за економија стојам на тоа дека таква мерка треба да има, изјави Бектеши.

Инаку, прв дека Владата ќе плаќа за вработување на припадници од малцинските заедници во приватните соопшти првиот вицепремиер Артан Груби. Тој порача дека тоа ветување било дел од програмата на ДУИ, преточено и во програмата на Владата, кое ќе мора да се исполни. 

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста