Бајден: да ја заштитиме Украина од касапот Путин

Бајден: да ја заштитиме Украина од касапот Путин

Американскиот претседател Џо Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин. Говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна Каролина Бајден го нарече претседателот на Русија касапот Путин.

Претходно, американскиот претседател предизвика дипломатски скандал нарекувајќи го рускиот лидер „убиец“. Путин коментирајќи ги овие зборови му посака здравје на Бајден, и истакна дека оценувањето на другите луѓе е исто како и гледањето во огледало.

По почетокот на руската воена операција во Украина, Бајден јавно го нарече Путин „диктатор“, „касап“, „воен злосторник“ и нагласи дека „не може да остане на власт“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста