Продолжува потрагата по двегодишната Данка која исчезна во Бор

Продолжува потрагата по двегодишната Данка која исчезна во Бор

Повеќе од 20 часа се трага по двегодишното девојче – Данка Илиќ кое вчера попладне исчезнало во околината на градот Бор во Србија. потрагата продолжува и денеска.

На терен се полицајци, пожарникари, спасувачи, припадници на планинарската спасувачка служба, припадници на жандармеријата. во потрагата се вклучени и кучиња трагачи, ловџии, и многубројни граѓани, а се користат и хеликоптери, и дронови со камери. полицијата оди од зграда, до зграда за да најде некаква трага која ќе помогне во потрагата по исчезнатата Данка, а проверени се и сите напуштени објекти во приградската населба Бањско поле во околината на Бор.

Потрагата по девојчето е делумно отежната поради дождот, кој од вчера врне речиси непрекинато, но и од ниските температури кои синоќа се спуштиле на 6 степени. Овој случај за прв пат во Србија го активираше системот „Најди ме„ кој е правен по моделот на американскиот „Амбер алерт“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста