Авиосообраќајот и натаму е затворен, да не се прават резервации за авиобилети

На сила е сѐ уште одлуката за затворање на „Меѓународниот аеродром Скопје” и аеродромдот “Св. Апостол Павле во Охрид”. Тоа значи дека сѐ додека не се донесе друга одлука, аеродромите ќе бидат затворени за превоз на патници, а авионскиот сообраќај запрен, се вели во информацијата на Министерството за транспорт и врски по шпекулациите дека набрзо ќе се воспостави авионсиот сообраќај и дека може уште сега да се купуваат билети.

„Со оглед на настанатата состојба со вирусот ковид-19, во овој момент не може да се предвиди кога повторно ќе се воспостави и нормализира авионскиот сообраќај за превоз на патници. Сѐ до донесување на нова Одлука од страна на Владата, апелираме до сите граѓани да се воздржат од резервaции на билети, сѐ со цел дополнително да не се изложуваат на финансиски трошоци.

За сите информации поврзани со нормализирање на авионскиот сообраќај, навремено ќе информираме“, соопшти Министерството за транспорт и врски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста