АСМЛ предупредува за одлив на млади лекари, а министерот Филипче пласира утешни бројки

Министерот Филипче не знае точно колку доктори заминале од Македонија. Неговите бројки се различни и пооптимистички од оние на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

Tие велат дека заминале 400,a министерот тврди бројката е помала.

Од Асоцијацијата велат дека не мора да се водиме по бројките за да го воочиме незадоволството кај младите лекари, како и дека бројката не е целосно потврдена, но дека сепак е голема и тоа е индикатор дека потребни се долгорочни реформи, за подобрување на условите за докторите во Македонија..

Директорот на 8-ми септември од друга страна пак, признава дека видлив недостаток има во областа на анестезиологијата. Сепак уверува дека тоа е резултат на зголемениот број на пациенти.

Од АСМЛ предупредуваат дека младите се повеќе си одат, старите лекари се пред пензија, а тоа е факт кој дефинитивно треба да ги загрижи властите.

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста