Идниот месец нов тендер за елекстростатските филтри во РЕК “Битола“
Откако во септември пропадна тендерот за електростатските филтри во РЕК “Битола“ и беа изгубени десет месеци од планираните рокови, стручните служби во најголемиот електроенергетски капацитет во државата, после пет месеци планираат повоторно да ја започната јавно- административната постапка. Ова беше речено, на денешниот прес во РЕК “Битола“.
-Направивме темелна анализа на јавната постапка за да не ни се случи повторно истото и ве убедувам дека на почетокот на оваа година, јавната набавка ќе биде објавена. Триесеттина до четириесет дена ќе траат процедурите и времетраењето, но тука има и дополнителен временски поериод со евентуални жалби- рече Златко Куркчиевски, директор на РЕК “Битола“.
Дали оптимизмот е реален, бидејќи се очекува до 2022 година целосен ремонт на филтрите, ќе се види во наредната година, но факт е дека и раководството на комбинатот е под силен притисок од битолската јавност поради аерозагадувањето.
Во меѓувреме, во државните електрани започната е постапка за набавка на механизација за ископ на откривка во битолските јагленокопи, со инвестиција од 19 милиони евра во првата фаза, а двегодишното доцнење кое им овозможи големи заработки на подизведувачите со по 40 милиони евра годишно, се оправдува поради несоодветната регулатива.
-Согласно тогашниот закон, основен критериум беше најниската цена. Во ситуација кога имаме средства, а треба да се изврши набавка на нова механизација која за рудниците треба да биде квалитетна и издржлива а не да се расипува, сметваме дека цената не треба да е основен критериум, па се почека новиот закон за јавни набавки кој спати во април оваа година. Веднаш потоа, почна да се прави нова техно- економска анализа согласно новиот закон, нова тендерска документација, се направи ревизија на рудраските проекти и сето тоа во целост доведе да имаме комплетна ситуација- рече генералниот директор на ЕЛЕМ Васко Ковачевски.
Менаџерите на ЕЛЕМ и РЕК “Битола, се пофалија и со набавка на шест еколошки автобуси на метан кои штом се слободни, ќе бидат користени и за училишен превоз, а годинешното производство на струја е реализирано со 3. 158 ГВЧ електрична енергија или 7% повеќе од планираното со потрошен јаглен од 5,2 милиони тони .
Петар Стефановски